Нови податоци покажуваат дека продажбата на домови во САД во февруари се зголемила, додека отпуштањата од работа минатата недела незначително се зголемиле.
Извештајот од Одделот за економија покажува дека продажбата пораснала за 6, 1 процент, најголемо ниво во последниве седум месеци. Ако трендот на продажба на новоизградени домови продолжи како и минатиот месец, во текот на целата година ќе бидат продадени 592 илјади живеалишта. Тоа е за околу 13 проценти повеќе отколку истиот период лани.
Аналитичарите од Wells Fargo Securities велат дека невообичаено благото време во февруари, ја забрзало продажбата, но дека во следниве месеци таа може да биде послаба.
Според Одделот за труд, бројот на Американци кои се пријавиле за социјална помош заради невработеност минатата недела пораснал за 15 илјади. Иако бројот на отпуштања бил повисок, бројката од 258 илјади е ниска и покажува здрав пазар на трудот.