Линкови за пристапност

Пораст на економијата на САД


Според најновиот извештај на Одделот за трговија, американската економија се зголемила за 3,5 проценти.

Американската економија забележа пораст за солидни 3,5 проценти годишна стапка во јули, август и септември.

Во петочниот извештај на Одделот за трговија се наведува дека три четвртини од порастот бил помогнат извозот и од потрошувачката на конзументите и владата.

Друг извештај наведува дека бројот на Американците кои поднесуваат барања за социјална помош за државата минатата недела забележал благ пораст, но експертите велат дека долгорочниот тренд упатува на зајакнување на пазарот на работна сила.

Подобрувањето на пазарот на работна сила, пак, е една од причините што во средата Американската централна банка го прекина главниот напор за поттик на економијата. Од Федералните резерви велат дека на економијата повеќе не и` е потребна помош.

Сепак, експертите додаваат дека на економијата и натаму и` се потребни мошне ниските каматни стапки за да продолжи со опоравувањето.

XS
SM
MD
LG