Линкови за пристапност

Економската слика во САД подобрена


Минатата недела од работа се отпуштени помалку американски работници; Април покажал поголема потрошувачка.

Во денеска објавениот извештај на Одделот за труд се наведува дека минатата недела помалку Американци побарале социјална помош од државата, со што невработени на национално ниво има вкупно 334.000. Намалувањето на бројките покажува подобрување на ситуацијата.

Во одвоена студија на Одделот за трговија се наведува дека за месц мај продажбата се зголемила шест десетини од процентот, споредено со април. Со оглед на тоа што на потрошувачката отпаѓаат околу 70% од економската активност во САД, зголемување на цените на производите сигнализира зголемување на економската активност.

Зголемувањето вклучува пораст на продажбата на автомобилите, што беше потпомогнато од напорите на Американската централна банска за одржување на каматните стапки на ниско ниво.
XS
SM
MD
LG