Американската економија додала 224 илјади работни места во јуни, што е далеку над проекцијата од 164 илјади.
Со тоа се намалени грижите за рецесија и се поставува дилемата дали Федералните резерви ќе ги намалат каматните стапки подоцна месецов, како што претходно се очекуваше.
Во однос на примањата, просечната плата на час е зголемена за шест центи на 27.90 долари, а минатиот месец зголемувањето беше девет центи.
Невработеноста се зголемила на 3.7 проценти во споредба со мај, кога била 3.6 проценти.
И покрај загриженоста поради трговски војни и слаб глобален раст, овој извештај покажува дека американската економија се` уште е во добра состојба.
Сепак, процентот на невработеност би можел да ги зголеми грижите дека по првиот здрав кваратал, американската економија може да се соочи со застој.
Економистите предвидуваат додавање на 185.000 работни места, додека стапката на невработеност се очекува да остане на речиси најниско ниво изминативе 50 години, односно 3.6 проценти, согласно ФактСет.
Од друга страна, економијата сепак покажува знаци на застој, поради што потрошувачите се претпазливи со трошоците, додека компаниите ги намалуваат инвестициите во скапа опрема и машини.
Потенцијалното забавување на економскиот раст, според некои прогнози, се должи делумно на трговските конфликти на претседателот на САД Доналд Трамп, што ги стави под притисок Федералните резерви, кои размислуваат да земат предвид можно краткорочно кратење на каматните стапки во наредните месеци.
Сепак, за речиси цела година, Федералните резерви укажаа дека ќе биде потребен трпелив пристап кон промена на стапките.
Facebook Forum