Линкови за пристапност

Скок на цените во САД за 8,8 отсто


Потрошувачите плаќаат повеќе за храна, облека како и нови или користени возила

Потрошувачките цени во САД скокнаа за 8,8 отсто во април, што е најбрз пораст на инфлацијата во повеќе од една деценија, објави во средата Одделот за труд, додека најголемата светска економија закрепнува од пустошот која го предизвика пандемијата.

Во текот на изминатата година, цените се зголемија за 4,2 отсто, што е најбрз пораст од 12 месеци. Зголемувањето од март во однос на минатата година е 2,6 отсто.

Некои американски економисти велат дека се загрижени за влијанието на инфлациските притисоци врз американската економија, при што потрошувачите плаќаат повеќе за храна, облека како и нови или користени возила.

Но, претседателот на Федералните резерви, Џереми Пауел, по неодамнешниот состанок на креаторите на политиката изјави дека на подолг рок не е загрижен за инфлацијата. Централната банка ја задржа својата реперна каматна стапка на речиси нула и соопшти дека ќе продолжи да го поддржува закрепнувањето на економијата.

Со исклучок на нестабилните цени на храната и енергијата, основната инфлација скокна 0,9 отсто во април, соопшти владата. Основните цени се зголемија за нагли 3 отсто во последните 12 месеци.

Поради загриженоста за зголемувањето на инфлацијата, акциите на САД нагло паднаа во вторникот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG