Линкови за пристапност

Рекорден растеж на американската економија


Белата куќа вели дека ова темпо е одржливо и дека довербата на потрошувачите ќе продолжи да расте

Најголемата економија на светот, економијата на САД, „ги руши сите рекорди“, објави денес економскиот советник на Белата куќа, Лари Кудлоу.

„Денес владеат најдобрите економски услови во светот“, изјави Кудлоу пред новинарите.

„Претседателот Трамп целосно ја промени бизнис климата на подобро. И, затоа денес уживаме ваква економија. Мојата порака денес е многу едноставна: најголемиот политички настан оваа година е економскиот бум што речиси никој не го очекуваше. Постојано има пораст. Три проценти во првата половина, четири проценти во вториот квартал“, додаде тој.

Трамп ги намали даноците и значително ја скрати владината регулатива како камен-темелник во неговото 17-месечно претседателствување.

Кудлоу предвиде дека „овој бум е одржлив“. Работната сила расте, а довербата на бизнисот и потрошувачите е висока и се зголемува.

Тој ги бранеше новите царини на Трамп спрема други држави.

„Луѓето го обвинуваат Трамп за царините. Тоа е глупаво, обвинувајте го дефектот на светскиот трговски систем. Тоа е поентата. Кина е најголемиот виновник, но не е единствениот“, рече Кудлоу.

Кудлоу вели дека Светската трговска организација „е скршена“.

„Луѓето ги подигаат тарифите и нетарифните бариери, ги прекршуваат правилата кои се во сила веќе 20 години. Претседателот верува дека е во американски интерес, во интерес на работниците, земјоделците и целата економија – да го расчистиме сегашниот протекционизам што Трамп го наследи и да свртиме нова страница“, додава тој.

Тој рече дека во најновиот трговски спор со Турција, Трамп наметна поголеми давачки за турскиот извоз на челик и алуминиум, но не поради спорот на Вашингтон со Анкара заради затворањето на американскиот свештеник Ендрју Брунсон во Турција, кој се товари за шпионажа и обвиненија поврзани со тероризам.

„Мислам дека во основа претседателот е незадоволен од Турција во областа на трговијата“, рече Кудлоу. Како што рече тој, трговијата и случајот Брунсон не се поврзани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG