Линкови за пристапност

Американската економија во опасност - повторно


Американската економија во опасност - повторно
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:21 0:00
Direct link

Американската економија во опасност - повторно

САД се` пред уште поголеми финансиски проблеми, среде се` поинтензивната партиска подленост пред ноемвриските претседателски избори.

За време на дебатата за кревање на крајниот износ на задолжување, популарен весник ги портретираше водечките политичари како – плачковци во пелени. Политичкиот ќорсокак беше причина агенцијата „Стандард енд пурс“ да донесе одлука без преседан – го намали кредитнот рејтинг на САД.

Никола Сван е клучен аналитичар во агенцијата: „Неодамна сериозно се влоши ситуацијата финансиски –со владината задолженост, и политички – нема волја да се запре влошувањето“

Економистите додаваат, поделеноста во предизборната кампања само ќе надодаде на проблемот.

Конгресот сега треба повторно да се зафати со крајниот износ на задолжување. Без договор, владата ќе биде принудена на драстични скратувања во армијата и програмиите за социјална и пензиска заштита.

Првиот човек на Федералните резерви Бен Бернанке веќе предупреди -тоа може е да ја вовлече земјата во рецесија.

Аналитичарот Филип Валак од Институцијата Брукингс сепак очекува демократите и републиканците во Конгресот да најдат заеднички јазик: „Републиканците во минута до дванаесет направија компромис, доволен само колку за да се постигне договор. Веројатно тоа ќе се случи и овојпат, бидеќи не сакаат да бидат одговорни дека ја турнале економијата во хаос.“
XS
SM
MD
LG