Линкови за пристапност

Стапката на невработеност во САД - 4,4 отсто


Платите пораснале за 2,5 отсто во јуни, споредено со истиот период, од претходната година.

Економијата на САД забележа силен раст на работните места во јуни, со нови 222.000 места.

Во петочниот извештај од Одделот за труд, исто така, се вели дека стапката на невработеност има благ пораст и сега изнесува 4,4 отсто.

Зголемувањето на една десетина процент се должи на граѓаните на САД, кое можеби се охрабрени од претежно позитивните економски вести, продолжувајќи ја нивната потрага по работа.

Околу седум милиони Американци се сметаат за невработени. Уште 1,6 милиони не работат, но не се сметаат за официјално невработени бидејќи не барале работа во изминативе четири недели.

Уште пет милиони луѓе сакаат работа со полно работно време, но можат да најдат само вработување со скратено работно време.

Добивките во јуни беа концентрирани претежно во здравството, деловните услуги и рестораните.

Платите пораснаа за 2,5 отсто во јуни споредено со истиот период од претходната година. Тоа е над стапката на инфлација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG