Виши претставници на Централната банка на САД ја покачија референтната каматна стапка, по проценката дека на економијата повеќе не и` треба поттик од ниски камати.
Централната банка ја зголеми краткорочната стапка на ниво помеѓу 1-1,25 проценти.
За да се справи со рецесијата, која започна во 2007-та година, Централната банка ги намали каматните стапки на рекордно ниско ниво, речиси на нула, во обид да ги намали трошоците за позајмување, како и да ја поттикне економската активност, со цел намалување на невработеноста.
Со падот на стапката на невработеност од десет на само 4,3 проценти, на економијата повеќе не и` требаат ниски каматни стапки
Вчерашната одлука е само една од серијата зголемувања, за враќање на стапките на вообичаеното ниво од изминатите неколку децении.
Властите се загрижени дека ако каматните стапки се премногу ниски, по предолг период може да дојде до зголемување на инфлацијата, како и да и` се наштети на економијата.
Владини претставници се обидуваат да ја покачат ниската инфлација до стапка од околу два проценти. Стапката на инфлација засега е под овој процент.
Централната банка соопшти дека подоцна годинава ќе го намали и нивото на обврзници, како и на други хартии од вредност.
За време на рецесијата, Централната банка откупи финансиски продукти од 4.3 трилиони долари, како дополнителен обид за зајакнување на економијата
Планот предвидува постепено намалување на нивото на хартии од вредност и обврзниците на начин кој нема да им наштети на пазарите.
Федералните резерви очекуваат најголемата економија во светот годинава да расте со 2,2 процента. Тие предвидуваат мало намалување на стапката на невработеност, како и благ пораст на стапката на инфлација.
Facebook Forum