Линкови за пристапност

Американската економија се шири „скромно“


Американската централна банка вели дека американската економија расте „умерено“ и се воздржува од усвојување на нови стимулативни мерки.

По дводневни средби на главните креатори на политиката во Вашингтон, Федералните резерви во среда кажаа дека очекуваат економскиот растеж да „остане умерен“ наредните месеци, а потоа да „почне постепено да се забрзува“.

Централната банка кажа дека ќе ја задржи каматната стапка на историско ниско ниво од нула до четвртина процентен поен , и дека очекува така да остане најмалку до крајот на 2014.

Соопштението на банката вели дека пазарот на труд во земјата е подобрен. Но забележа дека стапката на невработеност, 8,2 проценти во март, останува висока. Рече дека малопродажбата и инвестирањето на бизнисите се зголемиле, но пазарот со недвижнини го опиша како „депресиран“.

Централната банка вели дека инфлацијата во целина се очекува да остане „стабилна“ и дека зголемените енергетски трошоци ќе имаат само привремен ефект.

Во меѓувреме, технолошкиот гигант Епл со седиште во САД кажа дека нивниот тримесечен профит се удвоил во првиот квартал на годината. Ова главно се должи на натамошната побарувачка на популарните телефони на компанијата АјФон.

XS
SM
MD
LG