Линкови за пристапност

Економијата на САД и натаму климава


Шефот на американската Централна банка вели дека трудовиот пазар останува „далеку од нормален“, дури и по месеци на добивка во нови вработувања.

Стапката на невработеност за светски најголемата економија падна на 8,3 проценти порано годинава, и 1,2 милиони работни места беа додадени во последниве шест месеци. Но, претседателот на Федералните резерви, Бен Бернанке, на група бизнис економисти во понеделникот им кажа дека американската економија треба побргу да напредува за стапката на невработеност да продолжи да опаѓа.

Тој кажа дека САД „не можат да бидат сигурни“ дека неодамнешното подобрување ќе продолжи. Бернанке рече дека зголеменото вработување може да е одраз на тоа што работодавците скратиле премногу раборни меставо 2008 и 2009, за време на врвот на рецесијата. Тој забележа дека стапката на невработеност е се` уште над нормалната цифра од околу пет проценти.

Американската Централна банка вели дека планира да ја задржи каматната стапка близу нулата низ 2014-та. Бернанке кажа дека таквата политика на банката ќе помогне за економскиот растеж на државата.

XS
SM
MD
LG