Линкови за пристапност

Ниедно работно место не било отворено во САД во август


Ниедно работно место не било отворено во САД во август
Ниедно работно место не било отворено во САД во август

Нов извештај на Одделот за труд на САД објави загрижувачки податоци за тотален застој на нови вработувања

Растежот на работни места во американската економија бил непостоечки во август, оставајќи ја стапката на невработеност на релативно високо ниво од 9,1 процент.

Петочниот извештај од Одделот за труд покажува дека немало нето зголемување на работни места во август, споредено со проценетата нето добивка во јули од 85.000 работни места. Најголем дел на економистите предвидуваа дека ќе има некаков развој во овој домен. Августовскиот извештај е најслаб годинава.

Вработувања имало во здравството, но невработеноста во владата се зголемила, а згора на тоа имаше штета и од штрајкот на голема телефонска компанија во САД.

Работодавците не вработуваат нови работници заради грижите од болно-слабото движење на економијата. Економскиот растеж се здобил со удар и од слабата потрошувачка на конзументите што е двигател на најголем дел на американската економска активност.

Потрошувачите, пак, се загрижени за нивните работни места и го чувствуваат по џебот зголемувањето на цената на енегријата и храната, што се` заедно довело до намалување на нивната доверба во иднината, заради што не влегуваат во поголеми трошоци.

Член на Советот на економски советници на претседателот Барак Обама, Кетрин Абрахам, стапката на невработеност ја нарекла „неприфатливо висока“ и дека е многу важно да се надоместат изгубените работни места во економската криза.

Следниот четврток Обама ќе предложи план за стимулирање на националната економија и креирање на работни места во говор пред заедничка седница на Конгресот.

XS
SM
MD
LG