Линкови за пристапност

Фабричките нарачки растат, загриженоста за невработеноста останува


Фабричките нарачки растат, загриженоста за невработеноста останува
Фабричките нарачки растат, загриженоста за невработеноста останува

Економски извештаи од среда покажуваат дека американскиот пазар на работни места станува полош

Новите нарачки во јули се зголемиле повеќе од очекуваното со порастот на побарувачката за опрема за сообраќајот. Податоци од Одделот за трговија покажува пораст на нарачките за 2,4 проценти, што е голема промена од претходниот месец кога се покажа опаѓање.

Одвоен извештај од бизнис истражувачка група покажа дека американската бизнис активност продолжила да расте во август, но со послабо темпо од претходниот месец.

Овој полош извештај може да е една од причините што компаниите кои ги процесираат платите велат дека работните места во приватниот сектор пораснале за 91 илјада во август, што е помалку од претходниот месец.

Некои економисти на овој извештај гледаат како на знак за петочниот извештај на владата што се очекува да ги донесе цифрите на нето работни места отворени во целата држава. Предвидувањата се дека ќе има 70 илјади новоотворени работни места во владата и во приватниот сектор, што не ќе е доволно да се намали стапката на невработеност од 9,1 процент.

XS
SM
MD
LG