Обама зборуваше во среда по посетата на авто-мото центарот за обука во колеџ во Вирџинија, близу Вашингтон.
Обама кажа дека бавното економско опоравување остави многу Американци без работа и ги повика законодавците и индустриите да ги поддржат програмите за промоција на обука во производството.
Тој исто така рече дека приватните бизниси, индустриските групи и училишта треба да ги прошират напорите за поврзување на обучени работници со постоечките работни места кои чекаат да бидат пополнети.
Неговите забелешки дојдоа откако серија економски извештаи и растечката стапка на невработеност донесоа сомневање за американското економско опоравување.
Невработеноста во САД во мај била 9,1 процент и Одделот за труд кажа дека одреден број работни места биле укинати во секторот на производство.