Линкови за пристапност

Еден на пет сопственици на дом има проблем со плаќање на станбениот кредит


Еден на пет сопственици на дом има проблем со плаќање на станбениот кредит
Еден на пет сопственици на дом има проблем со плаќање на станбениот кредит

Повеќе од една петина од американските сопственици на домови имаат проблем со плаќањето на нивните станбени кредити, и најголем дел од возрасните опфатени со анкетата се загрижени за редовноста на исплатата.

Понеделничкиот извештај од фирмата за истражување на јавно мислење Харис исто така вели дека 21 процент од сопствениците на домови должат повеќе пари како станбен кредит отколку што нивната куќа во моментов вреди.

Додека овие цифри покажуваат дека секторот за домување се` уште не се опоравил од економската криза, цифрите се малку подобри од истражувањето направено минатата година.

Подобрувањето делумно доаѓа и од фактот што некои од луѓето кои изјавиле дека имале проблеми минатата година, во меѓувреме ги изгубиле домовите кои биле преземени од банките.

Секторот за домување се опоравува побавно од производствениот и другите сегменти на економијата.

XS
SM
MD
LG