Линкови за пристапност

Цените во САД растат, но инфлацијата скромна


Цените во САД растат, но инфлацијата скромна

Малопродажните цени во САД пораснаа во јануари со најбрза стапка во повеќе од една година, турнати нагоре со растечките трошоци за гориво и храна.

Извештајот од Одделот за труд од четвртокот вели дека малопродажните цени се кренале за четири десетини од процентот во текот на месецот. Надвор од доменот на горивото и храната , главната инфлациона стапка напреднала две десетини од процентот.

Во текот на изминатата година, инфлацијата беше само еден процент, што е половина од она што експертите во американската централна банка велат дека е добро за економијата.

Некои економисти велат дека зголемувањето на цените и платите било ограничено од продолжителната невработеност, што ја намалува побарувачката за производи и прави потешко работниците да бараат зголемување на плата.

Одвоен владин извештај од четвртокот вели дека бројот на Американци кои се пријавиле за помош заради невработеност пораснал за 25 илјади минатата недела за да стигне до 410 илјади.

Ова е далеку помалку од бројот на апликанти кои за прв пат се пријавуваат заради безработица по крајот на најтешката рецесија, но се` уште доволно високо да не дозволи индикација за здрав пазар на работни места.

XS
SM
MD
LG