Линкови за пристапност

Американскиот пазар на работни места се подобрува


Американскиот пазар на работни места се подобрува
Американскиот пазар на работни места се подобрува

Бројот на луѓе кои аплицираат за бенефиции заради невработеност минатата недела во САД опаднал на најниско ниво за близу три години.

Извештајот на Одделот за труд од четврток може да сигнализира дека компаниите се подготвени да го засилат вработувањето по рецесијата што уништи милиони работни места од американската економија.

Бројот на пријавени за прв пат опаднал за 36 илјади, на 383 илјади.

Економистите ги следат цифрите на невработеност заради проценка на здравјето на пазарот на работни места. Некои аналитичари велат дека доколку пријавите останат под 400 илјади, тоа може да значи дека вработувањето ќе биде доволно силно да се намали деветпроцентната стапка на невработеност.

Во средата, раководителот на американската Централна банка, Бен Бернанке, кажа дека најверојатно ќе требаат години за сведување на стапката на невработеност на ниво што се смета за нормално, 5-6 проценти.

XS
SM
MD
LG