Линкови за пристапност

Американската економија изгубила уште 95 илјади работни места


Американската економија изгубила уште 95 илјади работни места
Американската економија изгубила уште 95 илјади работни места

Одделот за труд вели дека владите на локалните заедници и сојузните држави како и федералната влада намалиле десетици илјади работни места, но дека приватните работодавци додале 64.000 работни местa

Стапката на невработеност во САД останала на 9,6 проценти и во септември, додека целокупната економија имала нето-губиток од 95.000 работни места.

Петочниот извештај од Одделот за труд вели дека владите на локалните заедници и сојузните држави како и федералната влада намалиле десетици илјади работни места, но дека приватните работодавци додале 64.000 работни места.

Американскиот претседател Барак Обама вели дека растежот на работни места во приватниот сектор ја движи економијата во вистинската насока, но дека владата треба да помогне да бидат задржани работници како наставници и полиција кои обезбедуваат витални услуги.

Зборувајќи во Мериленд пред претставници на малите бизниси Обама кажа дека отпуштањата од работа би биле уште поголеми без помошта обезбедена од Вашингтон за државите во изминатите 20 месеци.

Тој вети дека ќе стори се` што е можно за засилување на економското опоравување преку малите бизниси, што обично е примарен извор на нови работни места.

XS
SM
MD
LG