Линкови за пристапност

Американските компании елиминирале работни места и во септември


Американските компании елиминирале работни места и во септември
Американските компании елиминирале работни места и во септември

Kомпаниите елиминирале 39 илјади работни места во септември, откако додале 10 илјади работни места во август

Службата АДП што процесира милиони исплатни документи за работодавци во САД во среда објави дека компаниите елиминирале 39 илјади работни места во септември, откако додале 10 илјади работни места во август.

Одвоен извештај од фирма што се занимава со пласирање на работни места (Челинџер, Греј и Кристмас) кажа дека бројот на објавени скратувања на работни места пораснал седум проценти од август до септември. Извештајот исто така вели дека до сега годинава бројот на објавени намалувања е 64 проценти пониско од пред една година.

Подоцна неделава американскиот Оддел за труд ќе објави сеопфатен месечен извештај за невработеноста.

Стручњаците запрашани за предвидувања од новинските агенции велат дека американската стапка на невработеност ќе порасне за малку, на 9,7 проценти, покажувајќи дека патот на опоравок на САД не оди праволиниски.

XS
SM
MD
LG