Линкови за пристапност

Паѓа потрошувачката доверба во САД, но инфлацијата релативно стабилизирана


Паѓа потрошувачката доверба во САД, но инфлацијата релативно стабилизирана
Паѓа потрошувачката доверба во САД, но инфлацијата релативно стабилизирана

Според извештајот на Универзитетот на Мичиген и Ројтерс, објавен петокот, потрошувачката доверба бележи надолна линија месецов

Малопродажните цени во САД во август за малку се зголемиле, а потрошувачите станале поголеми песимисти во септември.

Според извештајот на Универзитетот на Мичиген и Ројтерс, објавен петокот, потрошувачката доверба бележи надолна линија месецов. Индексот на доверба паднал за два процента на 66.6%. Намалената потрошувачка доверба и високата невработеност би можела да значи намалување на широката потрошувачка на која отпаѓа најголемиот дел на економската активност во САД.

Најнов извештај на Американскиот Оддел за труд за месец август, пак, регистрира мало зголемување на цените на производите во САД од 0.3%. Извештајот покажува дека релативно стабилизираната инфлација значи дека американската централна банка најверојатно извесно време ќе ги држи каматните стапки на сегашното ниско ниво. Наредната недела во Вашингтон се среќаваат виши претставници на банката за нивото на каматните стапки и други економски прашања.

XS
SM
MD
LG