Линкови за пристапност

Обама нуди повеќе начини за поттикнување на економијата


Обама нуди повеќе начини за поттикнување на економијата
Обама нуди повеќе начини за поттикнување на економијата

Обама предложи транспортни проекти, меѓу кои и изградба на супер-брза железница, патишта и аеродроми

Американскиот претседател Барак Обама неделава во неколку јавни настапи ќе изложи идеи за поттикнување на економскиот растеж и отворање на работни места. Економијата ќе биде главно прашање на конгресните избори во ноември, а анкетите покажуваат дека дел од сопартијците на претседателот ќе водат неизвесни битки за да ги задржат местата на Капитол Хил.

Понеделникот Обама предложи транспортни проекти, меѓу кои и изградба на супер-брза железница, патишта и аеродроми, со цел на краткорочен план да зајакне најмувањето на работници за проектите, а истовремено да се даде поттик на економијата на долгорочен план.

Па сепак, виш владин претставник кажа дека предлогот покрива временски период од шест години и дека нема да резултира во нови работни места се` до 2011-тата.

Обама предлага и даночните кредити за истражување н развој на компаниите да станат трајни, за да се осигура поголем обем на истражување и евентуално да се создадат нови продукти и работни места. Ова би чинело околу 100 милијарди долари во рок од наредните 10 години. Владини лица велат дека парите би се обезбедиле со елиминирање на одредени даночни олеснувања за нафтените и гасни компании.

Опозиционите републиканци неделата го критикуваа економскиот план на Обама. Сенаторот Џон Мекејн рече дека владата „само оди ваму-таму“ со економските политики и наместо тоа треба да ги продолжи даночните скратувања чиј рок истекува во декември. Скратувањата ги воведе поранешниот претседател Џорџ В. Буш. Обама веќе најави дека би продолжил најголем дел од нив, елиминирајќи ги единствено оние за семејствата чиј годишен приход е повеќе од 250 илјади долари.

XS
SM
MD
LG