Серија на економски извештаи од средата покажуваат мешани резултати за американската економија.
Американскиот производствен сектор се прошири во август, 13-ти месец по ред, продолжувајќи да води во економското опоравување. Извештај од Институтот за менаџмент на резерви вели дека индексот на производствена активност се зголемил за осум десетини од процентот (0.8 проценти) достигнувајќи 56.3. На оваа скала, секоја цифра над 50 индицира растеж.
Одделен извештај за трошоци поврзани со изградбата покажа негативен резултат, опаѓајќи за еден процент во јули. Некои економисти предвидуваат дека секторот за домување нема да се опорави додека не се намали невработеноста.
Стапката на невработеност може да остане висока некое време. Извештај од компанија што процесира милиони исплати во земјата покажа дека вработеноста опаднала за околу 10,000.
Економистите предвидуваат дека редовниот извештај што се очекува во петок ќе покаже мало зголемување на невработеноста во август на 9.6 проценти, додека економијата имала нето губиток од најмалку 80,000 работни места.
Извештај од Институтот за менаџмент на резерви вели дека индексот на производствена активност се зголемил за осум десетини од процентот (0.8 проценти) достигнувајќи 56.3