Линкови за пристапност

Растеж на американската економија


Во 2015-та, раст од 2,4 проценти

Економијата на САД расте со побрзо темпо отколку што се очекуваше на крајот од минатата година.

Во денешниот извештај на Одделот за трговија се вели дека во четвртиот квартал од 2015-та, забележан е раст од еден процент од годишната стапка на бруто домашниот производ. Експертите првично прогнозираа стапката на раст на бруто домашниот производ да биде на пониско ниво од ова и оти таквата проценка е рутинска ревизија базирана на поцелосни податоци.

Во 2015-та економијата во САД забележа раст од 2,4 проценти. Многу аналитичари велат дека порастот најверојатно нема да забави подоцна годинава, поради предностите кои потрошувачите ќе ги почувствуваат од подобрување на пазарот за работа и намалување на цената на горивото.

XS
SM
MD
LG