Претставниците на Централната банка на САД ја зголемија клучната каматна стапка во среда, на крајот на дводневните приватни средби и дебата.
Стапката е една четвртина од процентуален поен повисока, ставајќи ја на линија меѓу 1.5 и 1.75 проценти. Тоа е се` уште ниско споредено со просечната стапка за последните неколку децении.
Федералните резерви се обидуваат да ја водат економијата кон максимална вработеност и држење на цените на стабилно ниво.
Централната банка ги намали каматните стапки на речиси нула за време на финансиската криза за да симулира економски растеж. Но, економистите велат дека држење на стапките на толку ниско ниво предолго може претерано да ја стимулира економијата и да ја зголеми инфлацијата премногу брзо што може да и` наштети на економијата.
Facebook Forum