Линкови за пристапност

Харви веќе ја зголеми цената на нафтата


Покрај нафтената инфраструктура, на патот на ураганот се наоѓаат и 200.000 домови, вредни 40 милијарди долари

Ураганот „Харви“, што се очекува да го погоди крајбрежјето на Тексас во петок навечер или рано во сабота, веќе влијае на економијата. Цените на сировата нафта и бензинот пораснаа заради очекуваното пореметување во резервите, а расте и загриженоста, бидејќи на патот на невремето се наоѓаат домови вредни 40 милијарди долари.

Постои опасност силните ветришта да го прекинат производството и доставата на сирова нафта и продукти од рафинериите.

Нафтените компании веќе го евакуираа персоналот од најранливите објекти во Мексиканскиот залив.

Се очекува и зголемување на морското ниво за околу два метра, што може да загрози 200.000 домови, за чија повторна изградба би била потребна инвестиција од десетици милијарди долари.

Ова е проценка на компанијата CoreLogic, којашто собира и анализира податоци за недвижнини.

Преку половина од загрозените домови се во областа на градот Хјустон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG