Линкови за пристапност

Плафонот на задолжување на САД мора да се зголеми


Економистите предвидуваат дека нерешавање на ситуацијата, можно е да предизвика зголемување на каматните стапки, рецесија во светот или пад на берзата

Американскиот претседател Доналд Трамп, ги обвини републиканските конгресни лидери, за создавање политички „хаос“, бидејќи на неодамна потпишаниот закон, чија цел е помош за ветераните, не ја додале легислативата за крајната граница на задолжување.

Трамп ги упати своите забелешки до лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, и спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан.

Конгресот има рок до крај на септември да ја зголеми крајната граница на задолжување. Ако не го стори тоа, постои ризик федералната влада да не може да исплати одредени сметки или да го одложи нивното плаќање. Економистите предвидуваат дека ситуацијата можно е да предизвика зголемување на каматните стапки, рецесија во светот или пад на берзата.

Експерти од Агенцијата за кредитен рејтинг „Муди“ рекоа дека очекуваат Вашингтон да ги надмине разликите и дека неуспехот или одолговлекувањето да се постигне согласност, можно е да резултира со привремен прекин на работата на владата и дополнително попречување на економијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG