Линкови за пристапност

Стапката на невработеност во САД останува непроменета на 4.9%


Намален бројот на нови работни места во август

Забави трендот на нови работни места во август во САД, покажува извештајот на Одделот за труд, според кој минатиот месец биле креирани само 151.000 работни места. Тоа се 30.000 помалку отколку што очекуваа економистите и далеку помалку од 255.000 работни места кои беа отворени во јули и 292.000 вработувања во јуни.

Стапката на невработеност во земјата остана непроменета на 4.9 отсто. Голем број на економисти велат дека трендовите на вработувања се пониски бидејќи голем број на Американци се на одмор. Според нив, се очекуваат нови вработувањата во септември. И покрај слабиот старт на годинава, вработувањата се едни од добрите страни на американската економија.

Но, намалувањето на новите работни места во август можно е да влијае на намалувањето на можностите Федерални резерви да ги зголемат каматните стапки по средбата со претставниците на Централната банка, што треба да се реализира кон крајот на овој месец. Многумина економисти сметаат дека Банката ќе ги зголеми каматните стапки пред крајот на годинава, и тоа најверојатно во декември, по претседателските избори.

XS
SM
MD
LG