Линкови за пристапност

Повеќе американски купувачи се префрлаат на пазарување на Интернет


Внимателно се следи кибернетската економија, зашто до сега купувањето во реални продавници покажало опаѓање во однос на лани.

Американската празнична сезона за шопинг започна минатиот четврток, но бројот на луѓе кои сакаат да купуваат за време на попусти опаднал во однос на лани.

Петокот по Денот на благодарноста традиционално е најголемиот ден за шопинг во годината, и време кога трговците прават доволно пари да преминат од загуба во профит. Сметководителите ги бележат загубите со црвено мастило, а добивката со црно, што е основа за терминот „црн петок“ во овој клучен дел на бизнис-годината.

Националната трговска федерација вели дека повеќе од 133 милиони Американци лично купувале или преку Интернет од четвртокот. Тоа е намалување за повеќе од пет проценти од истиот период минатата година.

Трговците внимателно ја следат продажбата во понеделник, на „кибернетскиот понеделник“ зашто ова е ден кога најмногу се купувало изминативе четири години со се` поголем број купувачи кои се приклонуваат на овој вид шопинг наместо да бидат во турканици во продавниците.

КомСкор, што ја следи трговијата на Интернет, вели дека првите недели во ноември забележале поголемо купување на Интернет отколку истиот период лани.

XS
SM
MD
LG