Зборувајќи во среда во Брисел, следниот шеф на ЕК кажа дека после години на економски тешкотии и болни реформи, Европејците очекуваат добра економија, солиден растеж на работни места, поголема социјална заштита, побезбедни граници, енергетска безбедност и дигитални можности.
Јункер 27-те лица што ги назначи ги нарече „победнички тим“, каде секој комесар игра специфична улога.
Британија и Франција обезбедиле моќни позиции, со поранешниот лидер на Домот на лордовите Џонатан Хил и поранешниот француски министер за финансии Пјер Московичи, како комесари за економски прашања.
Тимот вклучува петмина поранешни премиери, четворица заменици премиери и 19 поранешни министри.
Девет жени и 19 мажи министри ќе бидат во тимот, со жени на три од седум потпретседателски места.
Дваесет и осумчленото тело, извршната гранка на Европската унија, вклучува еден претставник од секоја држава членка.