Линкови за пристапност

ЕБРД: Зголемено општото задоволство од животот во Македонија


Триесет проценти од Македонците се задоволни со својата финансиска ситуација, но оптимизмот за иднината опаднал

Деветнаесет и четиринаесет проценти од анкетираните рекле дека веруваат оти економската и политичката ситуација во Македонија била подобра во 2016-та отколку пред четири години, што е на линија со просекот од за Југоисточна Европа. Дваесет проценти од интервјуираните мислат дека нивото на корупција се подобрило за четирите години пред истражувањето.

Општото задоволство од животот се зголемило за два проценти од последното истражување, од 33 проценти во 2010-та на 35 проценти во 2016-та. Сепак се` уште е пониско отколку просекот во Југоисточна Европа, каде е 39 проценти, а воопшто кај сите земји во транзиција е 43 проценти и многу пониско од соодветните цифри во Германија и Италија (72 и 42 проценти).

Процентот на населението во Македонија кое оптимистично гледа на иднината опаднал за девет проценти во споредба со претходното истражување. Опаѓањето е забележано кај сите возрасни групи освен кај населението над 60 години. Во државата се зголемила и поддршката за пазарната економија и за демократијата. Неподржувајќи го ова, многумина Македонци веруваат дека нивната држава има недостиг на некои основни демократски институции.

Запрашани за приоритетите на владиното трошење, 27 проценти одговориле дека очекуваат поголема владина помош за сиромашните, што е двојно повеќе од просекот од другите земјите во транзиција.

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) спроведува истражување за ефектот на транзицијата врз секојдневниот живот на луѓето во 34 земји во транзиција, во Централна и Источна Европа.

Извештајот „Живот во транзиција“ е резултат од најголемото истражување на јавно мислење за општата сатисфакцијата од животот, улогата на корупцијата и родовата поделеност.

ЕБРД заедно со Светската банка спровеле анкети во 51 илјада домаќинства. Едно од најголемите наоѓања е дека во псткомунистичките држави жителите се позадоволни споредено со пред четири години.

Нивото на перципирана, но и реална, корупција во овој регион се намалила од почетокот на 2006-та година. Сепак испитаниците веруваат дека нивото на корупцијата е поголемо во споредба со земјите од Западна Европа.

Друг заклучок е дека иако образованието е достапно за двата рода, кога станува збор за вработување, жените обично се помалку платени и помала е веројатноста дека ќе најдат работа со полно работно време.

XS
SM
MD
LG