Линкови за пристапност

Вакцината против ебола се покажала безбедна во првичните тестови


Кај сите 20 доброволци имало имунитетна реакција што истражувачите го толкуваат како добар знак на првичните клинички тестови

Истражувачите велат дека експерименталната вакцина против ебола не предизвикала сериозни нуспојави и произвела имунитетен одговор кај сите 20 здрави доброволци кои ја добиле во првичната фаза на клиничко тестирање.

Журналот за медицина на Нова Англија објави дека научниците ќе продолжат да ги следат доброволците за уште 48 недели во студија што почнала на 2-ри септември.

Целта на тестирањето е да се утврди безбедноста на вакцината, произведена од британската фирма ГлаксоСмитКлаин.

Вестите доаѓаат еден ден откако Светската здравствена организација кажа дека тековната епидемија на ебола во Западна Африка убила близу 5.700 луѓе од околу 16.000 случаи.

Од компанијата соопштија дека се охрабрени со првичните позитивни резултати на тестот, но дека е важно да се има предвид оти овие податоци се само првиот дел од мозаикот.

XS
SM
MD
LG