Линкови за пристапност

Обама: САД прават најмногу за запирање на еболата во Западна Африка


Претседателот зборуваше за американскиот придонес во напорите за борба против ширењето на болеста.

Претседателот Барак Обама вели дека ниедна друга нација не прави толку колку што прават САД за ставање под контрола на епидемијата со ебола во Западна Африка.

Обама кажа дека САД го зголемуваат бројот на единици за третман на ебола и тимови за закоп и го прошириле протекот на медицински персонал и опрема од август наваму, а лансирале и агресивна образовна кампања.

Претседателот вели дека американските работници за здравствена грижа во Западна Африка и американските тимови за помош во вонредни ситуации распоредени таму доцна летото прават се` што треба да се обезбедат медицинскиот персонал и работниците за здравствена грижа од другите држави со се` што им е потребно да биде добро завршена работата.

XS
SM
MD
LG