Линкови за пристапност

САД испраќаат војници во Африка да помогнат во справувањето со еболата


Ќе изградат 17 објекти со по 100 легла за изолација и лекување на заразените и центар за обука на здравствени работници.

Претседателот Барак Обама го засилува американскиот одговор на кризата со еболата во Западна Африка. За време на денешната посета на Центрите за контрола и превенција на болести во Атланта, сојузната држава Џорџија, планирано е тој да соопшти дека ќе испрати 3.000 војници во погодениот регион.

Американската армија ќе изгради 17 здравствени објекти со по 100 легла, наменети за изолација и лекување на заразените. Војниците исто така ќе подигнат објект за обука на здравствени работници, кадешто неделно ќе се обучуваат по 500 лица.

Според соопштението на Белата куќа армискиот команден центар ќе биде во главниот град на Либерија – Монровија.

XS
SM
MD
LG