Американскиот претседател Барак Обама вели дека меѓународната заедница треба да реагира на кризата со еболата во Западна Африка каде тој вели дека недоволната инфраструктура за грижа за јавното здравје довела до ширење на „проблем што можел да биде под контрола“.
Обама за НБЦ Њуз кажа дека е потребно американски армиски ресурси да воспостават изолациони единици и опрема за да се oбезбедат меѓународните здравствени работници.
Обама кажа дека верува оти САД треба да го напрват справувањето со епидемијата на ебола приоритет на националната безбедност.
Епидемијата на ебола уби повеќе од 2.000 лица, главно во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.
Либерискиот Министер за одбрана Брауни Самукаи за Гласот на Америка кажа дека неговата држава поздравува секаква помош од САД, велејќи дека либериската Економија е „во застој“ и дека е голем предизвик да се обезбеди основна здравствена грижа.
Претставници на Африканската унија во понеделник одржаа вонреден состанок во Адис Абеба да дискутираат за следните чекори, вклучувајќи го и ефектот од затварање на границите и суспендирање на летовите до зафатените држави. Во меѓувреме, нова студија покажува дека експериментална вакцина за ебола, тестирана на мајмуни, може да даде заштита до 10 месеци ако е употребена со уште една последователна зона.