Близу 200 стручњаци за ебола се среќаваат во Швајцарија да разговараат за можен лек и вакцина за болеста, додека бројот на случаи во Западна Африка продолжува да расте.
Светската здравствена организација вели дека дводневната конференција во Женева е со цел да се ревидира најновиот развој во можните третмани за еболата и да се идентификуваат најважните цекори што треба да бидат преземени.
Не постои лек или вакцина за смртоносната болест, иако експериментален серум , Змапп, направен од американска компанија, е даден на мал број пациенти, од кои некои преживеале.
Генералната директорка на СЗО Маргарет Чан во среда кажа дека епидемијата на ебола во Западна Африка убила повеќе од 1.900 лица и инфицирала најмалку 3.500, главно во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.