Линкови за пристапност

СЗО: Еболата може да зарази 20.000 лица


Вкупниот број на регистрирани случаи досега достигнал до 3.000, но надлежните велат дека вистинската бројка е два до четири пати поголема.

Светската здравствена организација вели дека еболата може да зарази преку 20.000 луѓе низ Западна Африка додека да помине епидемијата.

Организацијата ја даде проценката во време на лансирање на својата нова кампања тешка 490 милиони долари за помош во борбата со епидемијата, која уби најмалку 1.550 лица.

СЗО вели дека вкупниот број на регистрирани случаи достигнал до 3.000, но додаде дека вистинската бројка е два до четири пати поголема.

Мнозинството заразени се од Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја. Светската здравствена организација рече епидемијата „продолжува со забрзано темпо" но повеќето случаи се во неколку локални места.

Министерството за здравство на Нигерија регистрира два нови случаја на ебола, со што вкупниот број на заразени во земјата достигна 15.

Официјалните претставници велат дека лице кое работи за Економската заедница на западноафриканските држави е излекувано од ебола без третман, но неговиот лекар починал минатата недела од вирусот.

XS
SM
MD
LG