Линкови за пристапност

Фондовите на ОН за ебола недоволни


Според Генералниот секретар на ОН кажа дека само 100.000 долари во готово се донирани во фондот, и тоа од Колумбија.

Меѓународната заедница ги интензивира напорите за сузбивање на епидемијата на ебола во Западна Африка, од која досега починаа околу 4.500 лица, но во моментов има проблеми да ги финансира напорите на ОН за контрола на вирусот.

Британскиот кралски воен брод денска ќе замине за Сиера Леоне со медицински тимови и експерти. Претходно претседателот Барак Обама даде зелено светло за испраќање на дополнителен воен персонал да им помогнат на 4.000-те војници веќе задолжени за поддршка во напорите за сузбивање на еболата во Западна Африка.

Светската здравствена организација во четвртокот соопшти дека свои тимови ќе испрати во Брегот на слоновата коска и во Мали за евалуација на подготовките на овие земји во справување со вирусот. СЗО додаде дека ќе ја зголеми и координацијата за дополнителни 13 земји во регионот кои се во ризик од ебола.

Но Генералниот секретар Бан Ки-мун сепак го повтори барањето за придонес во борбата против вирусот. Земјите членки ветија 20 милиони од проценетите една милијарда побарани до 1-ви декември да се намали бројот на ширење на заразната болест.

Првиот човек на светската организација подвлече дека досега се донирани само 100.000 долари во готовина и тоа само од една земја – Колумбија.

XS
SM
MD
LG