Линкови за пристапност

СЗО: Еболата во Западна Африка – многу пораширена

Светската здравствена организација вели дека бројот на заболени од ебола може да е два пати поголем од официјално пријавените случаи.

Според Светската здравствена организација, бројот на случаи на ебола во Западна Африка е најверојатно за два пати повисок од официјално пријавените случаи.

Заменикот-генерален директор на СЗО, Брус Ајлвард, вели дека актуелните инфекции можно е да се 1,5 пати повисоки отколку што е соопштено во Гвинеја, двапати повеќе од Сиера Леоне и 2,5 пати повеќе од обелоденетата бројка во Либерија.

За време на прес-конференцијата во Женева, Ајлвард истакна дека официјалниот број на смртни случаи од ебола се зголемил на 4.447, а речиси сите се од Западна Африка, додека бројот на наводни случаи се зголеми на 8.900.

Во меѓувреме, идентификуван е здравствениот работник кој заболел од ебола додека работел како доброволец во Либерија. Суданец по националност, Абдел Фадел Мохамед Бешир починал преку ноќта во болница во Германија.

This item is part of
XS
SM
MD
LG