Линкови за пристапност

Второ медицинско лице во Тексас заразено со ебола


И ова лице од Презбетеријанската болница било во контакт со сега починатиот Томас Данкан од Либерија.

Градоначалникот на Далас, Тексас, Мајк Ролингс, вели дека ситуацијата може да се влоши пред да се подобри, откако втор здравствен работник доби позитивен тест за ебола.

Градоначалникот на прес-конференција изјави дека властите во Далас веќе ги известуваат соседите на вториот заразен здравствен работник, кој беше ставен во карантин штом добил висока температура.

Тој кажа дека домот на здравствениот работник, е деконтаминиран.

Лицето, чиј идентитет не е познат, работело за Пресбетеријанската болница во Далас. Било заразено додека обезбедувало грижа за Томас Данкан, родум од Либерија, кој беше првиот во САД што почина од вирусот минатата недела.

Во меѓувреме на Нина Фам, 26-годишната медицинска сестра која исто така беше заразена од ебола додека давала медицинска нега на Данкан, се наоѓа на третман во истата болница. Во соопшение објавено во вторникот таа изјавила дека „се чувствува добро“.

XS
SM
MD
LG