Линкови за пристапност

Медицинската сестра во САД добила крв од преживеан од ебола


Медицинска сестра во Далас, Тексас, е третата заболена со ебола која примила трансфузија од човек кој се опоравил од болеста.

Медицинска сестра од Далас која се заразила со ебола додека третирала пациент од Либерија - првото лице дијагностицирано со болеста што потоа почина, добила трансфузија на крв од лекарот кој се опоравил од болеста.

Христијанска хуманитарна група потврди дека д-р Кент Брентли е донаторот на крвта, а тој е и првиот Американец кој се вратил од Либерија со позитивен тест за ебола.

Медицинската сестра Нина Фам е третата жртва на ебола која примила трасфузија од д-р Брентли бидејќи тој, како преживеан, во крвта има антитела на вирусот. Истата постапка била применета и на хуманитарниот работник д-р Рик Сакра, кој во моментов е опоравен од болеста и на американскиот новинар Ашока Мукпо, чија здравствена состојба се јавува дека се подобрува.

Фам се наоѓа во болница во Тексас каде била една од околу 70-те лица кои се грижеле за Томас Ерик Данкан, кој почина од ебола минатата среда. Д-р Брентли наводно понудил да донира крв за Данкан, но нивните крвни групи не се совпаѓале.

XS
SM
MD
LG