Линкови за пристапност

Обама предупредува на нови поединечни случаи на ебола во САД


Претседателот Барак Обама вели дека САД може да продолжат да гледаат поединечни случаи на ебола додека не се стави под контрола епидемијата во Западна Африка.

Во Белата куќа, во среда, претседателот Обама им оддаде признание на американските здравствени работници кои се вратиле од Западна Африка и на оние кои планираат да одат.

Овие луѓе тој ги нарече херои кои служат со способност и храброст, ставајќи се себе си во опасност во срцето на епидемијата на ебола без друга причина освен чувството за должност.

Обама кажа дека тие го прават убеден дека еболата ќе биде ставена под контрола, велајќи дека напорите веќе прават разлика.

Американскиот претседател кажа дека политиката на карантин и изолација на здравствените работници кои биле во контакт со пациенти на ебола не треба да бидат такви да ги обесхрабруваат Американците да помагаат во борбата против болеста.

Неколку сојузни држави наредија задолжителен карантин на медицински персонал кој се враќа во САД од Западна Африка.

Секретарот за одбрана, Чак Хегел, нареди 21 ден карантин за американскиот армиски персонал што се враќа од Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

XS
SM
MD
LG