Линкови за пристапност

Обама повика на поенергична акција против еболата


На средбата во ОН кажа дека епидемијата во Западна Африка претставува закана по регионалната и глобална безбедност.

Американскиот претседател Барак Обама ги повика земјите ширум светот да сторат повеќе против смртоносната епидемија на ебола во Западна Африка, велејќи дека болеста претставува закана по регионалната и глобална безбедност.

На средбата на високо ниво во ОН за еболата, Обама предупреди на потенцијална хуманитарна криза што може да однесе стотици илјади човечки животи во наредните неколку месеци. Светската здравствена организација проценува дека бројот на смртни случаи се ближи до 3.000.

„Доколку епидемијата не биде спречена, болеста може да причини хуманитарна катастрофа ширум регионот. Во доба кога регионалните кризи може брзо да станат глобални закани, да се спречи еболата е во интерес на сите нас“, подвлече Обама.

XS
SM
MD
LG