Линкови за пристапност

Средба на високо ниво во Брисел за еболата


Ова се случува кусо време откако нови мерки за контрола беа воведени на пет аеродроми во САД.

Европските министри за здравство се состануваат во Брисел да разговараат за вирусот на ебола и за начинот на проверки на европските граници и аеродроми.

Средбата во четврток доаѓа само неколку дена откако нови мерки за контрола беа воведени на пет аеродроми во САД. На овие аеродроми, сите во големи градови пристигнуваат од Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне – земји од Западна Африка, епицентарот на болеста.

Во текот на денот американски конгресни лидери ќе одржат распит со врвни медицински експерти и ќе дискутираат за откривање на еболата и мерките за контрола во САД.

Протоколот за третман на ебола се под критика откако двајца здравствени работници добиле позитивен тест за ебола веднаш по обезбедувањето на медицинска грижа за пацентот од Либерија, кој подоцна беше хоспитализиран и почина во болница во Тексас.

Во средата беше обелоденето дека медицинската сестра, една од заразените здравствени работници, била на комерцијален лет еден ден пред да покаже симптоми за болеста.

Претседателот Барак Обама ги откажа сите патувања закажани за среда за да одржи вонреден состанок со неговиот кабинет, посветен на еболата.

Во меѓувреме, Светската здравствена организација предупреди дека ситуацијата на ебола во Западна Африка, се влошува.

XS
SM
MD
LG