Линкови за пристапност

СЗО: Епидемија на ебола во Конго


Од 10 до 15 случаи се пријавуваат на дневна основа и има 1.676 смртни случаи од почетокот на епидемијата

Светската здравствена организација соопшти дека епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е „јавна здравствена вонредна состојба која предизвикува меѓународна загриженост“.

Како причина за декларацијата, СЗО ги наведе првите случаи на болеста во Гома, еден од најголемите градови во државата.

Од СЗО, исто така, посочија дека станува збор за алармантно ширење на болеста, бидејќи од 10 до 15 случаи се пријавуваат на дневна основа и има 1.676 смртни случаи од почетокот на епидемијата.

Од СЗО укажуваат дека е потребен глобален одговор на епидемијата.

СЗО, исто така, ги повика државите да не наметнуваат ограничувања за патување, иако Гома се граничи со африканската нација Руанда и има аеродром.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG