Линкови за пристапност

Фонд за деца на ОН: Се повеќе деца остануваат без родители поради ебола


Агенциите за помош регистрирале 1.380 деца кои поради ебола изгубиле еден или двајца родители

Фондот за деца на Обединетите нации соопшти дека од април наваму повеќе од двојно е зголемен бројот на деца кои останале без родители поради Ебола или се одвоени од нивните родители поради болеста во источниот дел на Демократската Република Конго.

Откако епидемијата е прогласена пред повеќе од една година, агенциите за помош регистрирале 1.380 деца кои поради ебола изгубиле еден или двајца родители. Во истиот период, скоро 2.470 деца се одвоени од родителите кои биле подложени на третман или изолирани затоа што дошле во контакт со заразено лице.

Бројките на Светската здравствена организација покажуваат дека се регистрирани 2.831 случај на заболени од ебола, вклучувајќи и речиси 1.900 смртни случаи.

Портпаролката на УНИЦЕФ, Марикси Меркадо, вели дека повеќе деца се разболуваат и умираат во оваа епидемија отколку во претходните.
Во оваа епидемија, околу 30% од случаите се деца, додека во претходните епидемии, процентот беше околу 20%. Од четврти август, имало 787 деца помлади од 18 години кои биле заразени со ебола и имало 527 смртни случаи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG