Линкови за пристапност

Стравување од ширење на еболата


Светската здравствена организација вели дека болеста се` уште не претставува ризик по здравјето на меѓународен план и е проширена само во Конго

СЗО предупредува дека појавата на ебола во Демократска Република Конго, претставува голем ризик за јавноста, но дека се` уште не е меѓународна грижа. Досега се пријавени 25 смртни случаи поврзани со болеста, меѓу кои и тројца здравствени работници.

СЗО потврди дека 14 од 45 осомничени случаи на заболени се всушност заразени со ебола. Тоа значи дека и натаму не е постигнато нивото за да се прогласи вонредна здравствена состојба.

Но, претседателот на Комисијата за вонредни состојби при организацијата, Роберт Стефен, вели дека тоа може да се промени бидејќи вирусот не е повеќе изолиран во оддалечени области, како што е Бикоро, каде за првпат бил откриен на 8-ми мај. Тој додаде дека многу случаи биле регистрирани во големата урбана област Мбандака.

Особена загриженост претставува можноста вирусот да се прошири во девет држави со кои се граничи Конго.

За разлика од епидемијата на ебола во западна Африка, што однесе преку 11.000 животи, владата на Конго, СЗО и други агенции, брзо реагираа на новата појава.

Стефен вели дека ситуацијата е се` уште под контрола.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG