Силен земјотрес го погоди регионот на иранско-пакистанската граница, убивајќи најмалку 34 лица на пакистанска страна.
Американската геолошка служба вели дека земјотресот од вторникот бил со јачина од 7,8 степени, правејќи го еден од најсилните во регионот за изминативе 40 години. Земјотресот се случил во 3:14 часот попладне по иранско време во близина на иранските градови Каш и Сараван во провинцијата Систан и Балучестан.
Гувернерот на провинцијата Хатам Нароуји за иранските медиуми изјави дека нема жртви благодарение на локацијата на епицентарот во слабо населена област.
Пакистанските власти кажаа дека стотици домови се урнале во нивната провинција Балочистан. Тие кажаа дека 13 лица се убиени, а многумина повредени.