Линкови за пристапност

Силен земјотрес во Јапонија


Не беше издадено предупредување за цунами по земјотресот

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 200 други беа повредени во силниот земјотрес што го погоди западниот дел на Јапонија.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот со јачина од 6,1 степен, се случил во вториот по големина град Осака, во осум часот по локално време. Железничкиот сообраќај бил прекинат по пријави за оштетување во неколку станици.

Материјална штета била регистрирана и на неколку згради, а имало и оштетување на водоводната мрежа.

Според медиумските извештаи, животот го загубиле 3 лица, меѓу кои едно 9-годишно девојче.


Засега нема предупредување за цунами по земјотресот. Ова се случува седум години по силниот земјотрес во Јапонија со јачина од 9,0 степени, по кој следеше цунами, во кое загинаа илјадници луѓе, а предизвика и колапс во нуклеарната централа Фукушима во северозападниот дел на државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG