Во земјотресот што се случи на иранско - ирачката границата загинаа повеќе од 300 лица, а беа повредени околу 2.500.
Иранските државни медиуми објавија дека повеќето од жртвите се лоцирани во градот Сарпол-е-Захаб и провинцијата Керманшах.
Од Геолошка служба на САД соопштија дека земјотресот бил со јачина од 7,3 степени со центар во близина на градот Халабја во ирачкиот регион Курдистан.
Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади им наредил на агенциите да обезбедат помош во регионот.
По првичниот земјотрес иследија неколку други потреси.
Во земјотресот е оштетена електричната мрежа и телефонските услуги во неколку ирански и ирачки градови, што ги отежнува напорите за спасување.
Во минатото Иран беше погоден од повеќе смртоносни земјотреси. Во земјотресот во 2003-та година загина најмалку 26.000 лица, додека во земјотресот во 2012-та година загинаа повеќе од 300.