Линкови за пристапност

Земјотрес од 7,8 степени ја погоди Алјаска


Поради локацијата на земјотресот, не биле почувствувани потреси типични при земјотреси со ваква јачина, велат сеизмолозите

Земјотрес од 7,8 степени го погоди јужниот брег на Алјаска, принудувајќи некои жители да ги напуштат нивните домови, поради закана од цунами.

Најавата за цунами, пак, подоцна беше повлечена, откако земјотресот предизвикал бранови помали од 30 сантимитери.

Засега нема информации за штета во населениот дел, а сеизмолозите велат дека поради локацијата на земјотресот, не биле почувствувани потреси типични при земјотреси со ваква јачина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG